Ѓорѓиоски: Ова е успех за паметење

Од:

Македонскиот шампион Вардар постигна историски успех откако стана првата македонска екипа која избори пласман во групите од Лига Европа. Во баражот од ова натпреварување „црвено-црните“ го елиминираа турскиот тим Фенербахче. Од постигнатите резултати задоволство искажа и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија(ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски.

– Честитки за ФК Вардар, ова е брилијантен резултат, успех за паметење. Навистина треба да бидеме горди на овој успех. Сите заслужуваат пофалба, од фудбалерите, преку стручниот штаб до раководството на клубот – браво за секој што има придонес во овој резултат. Полните трибини ова лето и радоста која ја видовме сведочи колку Македонците го сакаат фудбалот, колку на луѓето им значи успехот на нивниот клуб и колкава е вредноста на македонскиот клупски фудбал. Сведоци сме на една фудбалска еуфорија за која многу значајни се и медиумите и навивачите кои создаваат позитивна атмосфера. Среќно во групната фаза, порача Ѓорѓиоски преку официјалната интернет страница на ФФМ.

Би можело да ве интересира

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он