Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја разгледува жалбата на Бразилецот Нејмар поради неплатени бонуси од страна на Барселона по основ на лојалност.
Нејмар, според договорот што го имал со Барселона, исполнил бонус за лојалност од 26 милиони евра на крајот од четвртата сезона помината на „Камп Ноу“, а само неколку дена подоцна тој направи трансфер во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.
Од ФИФА кусо информираа дека жалбата е во тек и дека предметот „Нејмар“ се испитува, но дека тие не сакаат да објават повеќе детали за случајот.
Барселона одби да плати 26 милиони евра на таткото на Нејмар, иако во договорот од минатата година постои таква ставка.
Во друг одвоен случај, Барселона бара 8,5 милиони евра од Нејмар за прекршување на договорот и одење во ПСЖ, потег што го изненади семејството на Бразилецот.