Карабах преку Копенхаген до Лигата на шампионите

Од:

Претставникот на Азербејџан, Карабах го направи најголемото изненадување на синоќешните реванш дуели од плеј-офот за фудбалската Лига на шампиони. Азербејџанците изгубија на гостувањето во Данска кај Копенхаген со 2:1, но минималната победа на домашен терен без примен гол им беше доволна да го елиминираат тимот кој во претходната рунда беше поуспешен од Вардар.

Пласман во гурпите од елитното натпреварување со втори победи над своите ривали обезбедија Ливерпул и ЦСКА Москва, а нив им се придружија Спортинг и АПОЕЛ.

Постигнати резултати на петте синоќешни реванши од баражот за ЛШ:

Славија Парга – АПОЕЛ 0:0 (0:2 прв натпревар),
Стеауа – Спортинг 1:5 (0:0),
ЦСКА Москва – Јанг Бојс 2:0 (1:0),
Копенхаген – Карабах 2:1 (0:1) и
Ливерпул – Хофенхајм 4:2 (2:1).

Одиграно во вторникот:

Астана – Селтик 4:3 (0:5 прв натпревар),
Риека – Олимпијакос 0:1 (1:2),
Севиља – Бешикшехир 2:2 (2:1),
Марибор – Хапоел 1:0 (1:2) и
Ница – Наполи 0:2 (0:2).

Во ЛШ преку квалификациите место обезбедија: Селтик, Олимпијакос, Севиља, Марибор, Наполи, АПОЕЛ, Спортинг, ЦСКА, Карабах и Ливерпул. Поразените одат во Лига Европа.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска