Коџаман: Мораме да се пласираме во групите од Лига Европа

Од:

Македонскиот првак Вардар на реваншот од баражот од Лигата Европа утре во Истанбул против Фенребахче ќе стартува со предност од 2:0 постигната на првиот дуел во четвртокот во Скопје. Во редовите на турската екипа истакнуваат дека се подготвени за новото искушение. Тренерот на Фенербахче Ајкут Коџаман на прес конференцијата истакна:

– Клучна работа е што мораме да влеземе во фазата од групите од Лига Европа. Поразот е тежок, иако доминиравме во играта во Скопје. Голот кој го примивме на крајот беше голема грешка. Утре мораме да се бориме до крај. Имаме нови 9-10 играчи, тоа е проблем кој треба да го надминеме, изјави Коџаман.

Искусниот интернационалец во редовите на Фенребахче, Мартин Шкртел изјави:

– Имаме неповолен резултат од првиот дуел и мораме многу да направиме за пласман во групната фаза. Мотивацијата е клучна, а веруваме дека и реализацијата ќе биде на посакуваното ниво. Клучно е да не примиме гол.

Натпреварот меѓу Фенербахче и Вардар ќе се игра на стадионот „Шукру Сарачоглу“, а турскиот тим се очекува да има максимална поддршка од трибините од околку 50.000 навивачи.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска