Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 7.
Утрото ќе биде свежо со минимални температури од 4 до 14, а преку денот температурата ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје сончево со слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната температура до 31 степен.
До крајот на месецов ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, а од недела на некои места ќе го надмине и просекот за овој период од годината.