Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе се обрати на трибината посветена на „Предлог мерките за дополнителна социјална заштита за лица со попреченост и нивните семејства”.
Царовска, како што информираат од нејзиниот кабинет, на трибината ќе информира за предложените измени во Законот за социјална заштита.
Трибината е во организација на Министерството за труд и социјална политика и Здружението за промоција и развој на инклузивното општество „Инклузива”.