Претвориле тутун во „фабрика” за вакцини против детска парализа

Од:

Британски научници произведоа вакцина против детска парализа во листови на тутун, што би можело да биде пресврт во производството на вакцини против таа и други заразни болести, пренесе Би-Би-Си.

Експертите од центарот „Џон Инес” во Норфолк велат дека постапката е евтина, едноставна и брза. Освен што би можела да помогне во искоренување на полиомијелитис, научниците веруваат дека нивниот иновативен пристап би помогнал на светот подобро да реагира на ненадејни закани, како што се вирусите на зика и ебола.

Вакцината е „автентична копија” на поливирусот и речиси е идентична од надвор, но од внатре е празен. Ги има сите особини потребни за активирање на имунолошкиот систем, но не предизвикува зараза. Научниците искористиле еден вид на тутун и неговите листови ги претвориле во „фабрика” на вакцини. Така добиените вакцини спречиле зарази кај животни, а 3D анализата на нивната структура покажала дека речиси се идентични на полиовирусот.

„Се работи за технологија која многу ветува. Се надевам дека нема долго да чекаме на вакцини добиени од растенија” – изјави проф. Џорџ Ломоносов.

Истражувањето го финасираше Светската здравствена организација (WHO) во рамки на напорите да се најде замена за вакцина против детска парализа. Полио, кој може да предизвика трајна парализа е минато за поголемиот дел во светот, но сепак не е сосема искоренет.

А користењето на ослабениот полиовирус во постоечките вакцини може да доведе до тоа вирусот повторно да стекне некои од своите опасни својства, познати како полиовирус од вакцината. „Постоечките вакцини се добиваат од големи количини на жив вирус, па постои ризик ненамерно да се изнесат и да предизвикаат зараза” – вели др. Ендрју Макадам од британскиот Национален институт за биолошки стандарди и контрола.

„Оваа студија е чекор напред во можна замена на постоечките вакцини со евтино и одржливо производство” – додаде тој.
Новата технологија не е ограничена само на детската парализа и може да се користи за производство на вакцини против повеќе вируси, како и антитела кои се користат во лечење на тумори, истакнуваат научниците.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци

Предраг Петровиќ

Меџити: Има доволно вакцини, родителите да ги вакцинираат децата

Нова кампања за имунизација „Да не си играме со здравјето!“

А1он

Вакцините против рак и против срцевите болести ќе бидат готови до крајот на оваа декада

170 мајки на суд – не ги вакцинирале децата

Анита Петровска Рајковиќ