Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци

Од:

Министерството за здравство информира дека министерот за здравство д-р Илир Демири, согласно препораките на Комисијата за заразни болести од состанокот одржан на 14.03.2024 година, донесе одлука со која се дозволува прием и престој во детски градинки на територијата на Република Северна Македонија, на деца кои по Catch-up календар ја комплетирале примовакцинацијата (три дози ДиТеПер вакцина), со задолжително примање на првата ревакцина 6 месеци по примањето на последната (трета) доза од примовакциналната серија. Одлуката денеска стапува на сила, а од понеделник ќе се применува.

Исто така, информираме дека ДиТеПер вакцините за возрасни се стигнати и граѓаните можат да се вакцинираат во вакциналните пунктови.

Вакцините се безбедни и претставуваат најголемо достигнување на здравствениот систем. Апелираме до сите граѓани, особено до родителите на децата во предучилишна возраст да ги вакцинираат своите деца затоа што главен приоритет е нивната здравствена заштита. Вакциналните пунктови за имунизација работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имуницираат своите деца.

Би можело да ве интересира

Меџити: Има доволно вакцини, родителите да ги вакцинираат децата

Нова кампања за имунизација „Да не си играме со здравјето!“

А1он

Вакцините против рак и против срцевите болести ќе бидат готови до крајот на оваа декада

170 мајки на суд – не ги вакцинирале децата

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

Германија ги испрати првите антиковид вакцини на „Бионтек“ за Кина