Остров, кој половина година припаѓа на една, а половина на друга држава

Од:

Во покраината Баскија, меѓу северниот шпански град Ирун и југозападниот француски град Хендаја, тече реката Бидасоа. На средината на реката, која ги раздвојува Шпанија и Франција, се наоѓа територија со посебен статус, Островот на фазаните.

Островот на фазаните е кондиномиум, земја, со која заедно управуваат две држави.

Станува збор за најмала и најстара територија со таков статус. Петте илјади квадратни метри на островот шест месеци годишно припаѓаат на Шпанија, а преостанатите шест на Франција.

Минувачите можат да го видат од двете страни на брегот на Бидасоа, оддалечен е се на се 50 метри од францускиот брег и исто толку од шпанскиот.

Островот е ненаселен и не е можно да го посетите. Пристап имаат единствено војници од шпанскиот град Сан Себастијан и францускиот град Бајоне, за да го одржуваат додека е под нивна јурисдикција.

– Луѓето ги почитуваат правилата, па никој не се обидува да му пријде на островот. Некогаш нивото на вода е толку ниско така што може дури и да се препешачи до него. Ние обично доаѓаме на секои пет дена, со цел да изврши рутинско одржување, вели шпанскиот наредник, Рафаел Преито.

На островот нема споменици, освен една плочка, која укажува на неговото место во историјата. На тоа место е потпишана Пиринејската повелба на 7 ноември 1659 година, со што е завршен судирот почнат во текот на Триесетгодишната војна.

Со оглед на тоа дека статусот на територијата претходно не бил дефиниран, со една од клаузулата на Повелбата островот е прогласен за неутрална територија.

Островот на фазаните преку ден ги симболизира мирот и соработката меѓу Франција и Шпанија. На него се одржани неколку кралски венчавки, но и размена на затвореници.

Островот долго време бил во мир, кој последен пат е нарушен во 1974 година, кога неколку членови на баскиската вооружена сепаратистичка група ЕТА се обидоа да ја премине границата. Ги уапси шпанската полиција покрај островот. Операцијата заврши со убиство на еден полицаец и еден милитант.

Заговорниците на создавањето на државата Баксија, во северна Шпанија и југозападна Франција сметаат дека на ова место не би требало да постои некаква граница, бидејќи во прашање е татковината на Баскијците.

Најголема опасност за островот била можност за неговото исчезнување, со оглед на тоа дека со векови се намалувал поради ерозијата. Но овие две држави се договориле и презеле заеднички мерки за негово зацврстување, што се покажа како успешно. Денеска е долг 215 и широк 38 метри.

– Во очи ми паѓа тоа што на Островот на фазаните воопшто и нема фазани, се жалеше францускиот пистаел Виктор Иго за време на посетата во 1843 година.

– Таму имаше една крава и три патки, веројатно изнајмени пред посетителите да ја играат улогата на фазан, додаде Иго

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра