Билансот на загинатите во двата терористички напади со автомобили во шпанската автономска област Каталонија се зголеми на 14 лица, откако жена тешко ранета во напад во одмаралиштето Камбрилс, почина во болница, јави ДПА.
Синоќа пет лица со автомобил ауди прегазија луѓе во летувалиштето Камбрилс во обид да го повторат нападот од Барселона од вчера попладне.
Полицијата ги ликвидира терористите. Во нападот во Камбрилс беа повредени петмина граѓани и еден полицаец.
Во вчерашниот напад со комбе во центарот на Барселона загинаа 13 лица, а сто се повредени.