Терористички напад во Барселона, 13 мртви и над 80 повредени

Од:

Двајцата наоружани мажи , што влетаа со бело комбе на пешачка патека на централната улица „Рамблас“  во Барселона и  покосија десетици луѓе,  се забарикадирале во бар во центарот на градот.  Станува збор за терористички напад кој застрашувачки потсетува на тој во Лондон не толку одамна.Еден од напаѓачите според официјални изјави од полицијата е уапсен, а полицијата трага и по трето лице за кое се верува дека го возело белото комбе. Дрис Оукабир е името на лицето на кое е регистрирано комбето инволвирано во нападот. Тој е шпански граѓанин со северноафриканско потекло.

Според информациите на локалните медиуми, потврдени и официјално, во нападот се убиени 13 а повредени според последните проценки над 80 пешаци.Бројката на повредените постојано расте. Меѓу повредените, според локални извори, има и деца.

Одговорот на полицијата е масивен а граѓаните се повикани да го избегнуваат ова популарно туристичко место. Наедно запрени се сите метро линии, а тие што се нашле во овој реон се засолнуваат во околните згради.

Некои странски медиуми јавија за уште еден инцидент за кој не се знае дали е поврзан со овој терористички напад. Според агенцијата ТАСС автомобил прегазил тројца полицајци, но засега нема потврда за тоа од официјални извори во градот.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Спасувачите во Москва затекнале ужас: Сите познати детали од терористичкиот напад

А1он

ВИДЕО: Терористички напад во Москва, има мртви и ранети

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Иран: Бомби разнесоа колона луѓе, повеќе од 100 мртви

Сериозно предупредување: Огромен ризик од терористички напади на Божиќ во Европа

Нови детали за терористичкиот напад во Брисел