Поголема застапеност на жените во спортот и спортскиот менаџмент

Од:

Заложба за родова еднаквост во спортот и поголема вклученост на жената во менаџирањето на федерациите и другите спортски асоцијации, ова е заклучокот од средбата меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претседателката на невладината организација ТАКТ, Силвија Митевска.

На работната средба се договори соработка меѓу АМС и ТАКТ насочена кон дополнително вклучување на жените во спортот.

Каевски потенцираше дека во Советот на спорт ќе бидат застапени и жените, преку искусни и успешни спортистки. Македонија се гордее со голем број на врвни ракометарки, пливачки, жени – спортски работници.

Од претставниците на ТАКТ се презентираа и претстојните активности. Се подготвува кампања за зголемување на интересот за спорт кај најмладите, ученичките од основните и средните училишта, а Агенцијата за млади и спорт ќе биде партнер на проектот, со своја поддршка и вклученост.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска