Вода од градскиот водовод на Кочани за Чешиново-Облешево

Од:

Водоснабдителниот систем во општина Чешиново-Облешево деновиве ќе биде приклучен на градскиот водоснабдителен систем на Кочани, од каде четири населени места од општината ќе се снабдуваат со чиста вода за пиење.

Завршена е изградбата на главниот крак на водоводот во должина од 3.200 метри, при што се изградени и сите потребни придружни објекти, водоводни шахти и хидрантски приклучоци на потегот од приклучната шахта кај село Долни Подлог.

– Со чиста вода за пиење ке се снабдуваат жителите на Облешево, Чифлик, Чешиново и Уларци или околу 3.000 жители. Со средствата кои општината ги доби од Министерството за финансии се реализира последната фаза од проектот, приклучување на водоводната мрежа со главниот довод кај селото Подлог. Изведувач на работите е компанијата „Вато“ ДОО – Скопје, изјави Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново-Облешево.

Личков појасни дека потпишале договор со општина Кочани и Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ за приклучување кон водоводниот систем со што, како што рече, проблемот ќе биде целосно решен.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени преку Министерството за финансии како под заем во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP), како и со дополнителни финансиски средства на општината, со што вредноста на проектот изнесува околу 20 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Се запали куќа во Кочани: Пожарникарите спасија повозрасна жена, три лица завршија во болница

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костова: Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата

(ВИДЕО) Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски

Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот