(ВИДЕО) Давчевски: Со субвенциите за ЈСП, Град Скопје по секоја цена сака да ја продолжи градбата на Панорамското тркало

Од:

Драги Давчевски, координатор на советничка група на СДСМ и коалицијата во Совет на Град Скопје денеска одржа прес-конференција на која што кажа дека советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје остро се спротивставувала на обидот на градската власт да го продолжи финансирањето на Панорамското тркало кое го гради ЈСП во услови кога буџетот на Град Скопје за период од првите 6 месеци имал остварување под 30 отсто, а со ребалансот се зголемувале средствата за оваа непродуктивна градба.

– Тоа се прави преку моделот за субвенции кои се даваат како парични средства на Јавното сообраќајно претпријатие за така наречени потешкотии во работењето, а всушност се работи за покривање на трошоците од градбата на Панорамското тркало. На овој начин ЈСП ќе добие субвенции од 3,5 милиони евра, не за санкционирање на потешкотиите во јавниот превоз, туку за Панорамското тркало за кое имавме разумен предлог за негово стопирање и конзервирање. Градската власт во заминување предводена од ВМРО-ДПМНЕ, упорно настојува по секоја цена да го доврши овој доста критикуван и контроверзен проект. Откако по промената на централната власт беа прекинати донациите од државните институции за тркалото, се премина на форма со субвенции од градот Скопје. Ова е уште еден доказ од многуте во изминатиов период кои сведочат за расипничко трошење на народни пари за градби кои не се приоритет за граѓаните на Скопје, рече Давчевски.

Тој рече дека затоа на 15. октомври граѓаните ќе го казнеле ваквото расипништво на власта во Град Скопје предводено од ВМРО-ДПМНЕ и дека новата градска власт ќе покажела рационалност и ќе водела сметка за парите на граѓаните кои ќе се користат за домаќински и ефиикасно за подобрување на квалитетот на сите граѓани во Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага