Твитот на поранешниот американски претседател Барак Обама по повод насилствата во Шарлотсвил е најпопуларен во историјата на Твитер.
Обама во твитот го цитира Нелсон Мандела, а има речиси три милиони „ми се допаѓа“ откако е поставен на 13 август, по насилствата во Шарлотсвил во Вирџинија.
– Никој не се раѓа со омраза кон другите поради бојата на неговата кожа, потекло или вера… Луѓето мора да научат да мразат, а ако можат да научат да мразат, можат да научат и да сакаат, бидејќи љубовта повеќе прилега на човечкото срце отколку нејзината спротивност, напиша Обама, цитирајќи го Мандела.
Твитот е пропратен со фотографија на која Обама се смее со четири деца од различни раси. Фотографијата потекнува од 2011 година, кога Обама го посети дневниот центар во Мериленд.
"No one is born hating another person because of the color of his skin or his background or his religion…" pic.twitter.com/InZ58zkoAm
— Barack Obama (@BarackObama) August 13, 2017