Сливот на Охридското Езеро порибен со шест илјади парчиња подмладок охридска пастрмка

Од:

Концесионерот на Сливот на Охридското Езеро „Свети Апостол Петар“ согласно договорот за концесија за користење на рибниот фонд од риболовниот ревир за спортско-рекреативни цели, изврши порибување на ревирот со шест илјади парчиња подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка.

Ревирот „Слив на Охридското Езеро“ што ги опфаќа реките што се влеваат во езерото е порибен со подмладок одгледан во капацитетите за мрест во Хидробиолошкиот завод во Охрид, на возраст од околу девет месеци, со просечна тежина на единките од околу шест грама и должина од околу осум сантиметри.

Порибувањето е извршено во присуство на претставници од Хидробиолошкиот институт и Одделениете за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултура при Државниот инспекторат за земјоделство.

Концесионерот ЗРРСК „Свети Апостол Петар“ во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство најавува зачестени контроли на риболовниот ревир, особено овој период кога е мрестот на пастрмката и кога најстрого е забранет изловот на рибата.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид