МФ издаде државни хартии од вредност во износ од 43,93 милиони евра

Од:

Министерството за финансии денеска на аукција издаде државни хартии од вредност во износ од 2,701 милијарди денари (43,93 милиони евра).

– Станува збор за 12-месечни државни записи во износ од 1,741 милиони денари со камата од 1,85 проценти, петгодишни државни обврзници во износ од 80 милиони денари со камата од 2,50 проценти и 15-годишни државни обврзници во износ од 880,50 милиони денари со камата од 3,80 проценти, соопшти Министерството за финансии.

Најавува дека утре, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 2,001 милијарди денари (32,55 милиони евра). Разликата од 700,01 милиони денари (11,38 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација