Општина Кочани не се откажува од изградбата на дом за стари лица

Од:

Општина Кочани не се откажува од идејата за реализација на домот за стари лица, кој ќе се гради на површина од 6.000 метри квадратни на локацијата кај старата касарна во населбата Шатровиќ.

Домот ќе има регионален карактер и во истиот ќе бидат сместени и пензионери од соседните градови Виница, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево, Берово и Кочани, а ќе се гради по пат на приватно јавно партнерство.

Градончалникот Ратко Димитровски истакнува дека општината не се откажува од градбата на домот за кој заеднички вложија финансиски средства во подготовката на потребната документација.

– Регионалниот дом за стари лица ќе го градиме по пат на приватно јавно партнерство. Општината не се откажува од неговата градба, бидејќи досега инвестиравме доволно за почеток на работите. Имено комуналиите за градба на домот се на товар на општината, а таа обезбеди водоводна и канлизациона мрежа до самата локација, изјави Димитровски.

Здружението на пензионери на Кочани во соработка со источниот плански регион ја подготвија комплетната документација за градба на домот, а за истоиот е подготво и идејно решение. Останува активностите за изнаоѓање заеднички стератешки партнер по пат на јавно приватно партнерство да биде изнајден наскоро и домот да започне да се гради.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат