Познатата активистичка група Анонимуси ја презеде контролата врз еден од најпознатите сајтови на нацистите, пишува британскиот весник „Индепендент“ и додава дека до преземањето на неименуваниот сајт дошло по немирите предизвикани од групата бели расисти во Шарлотсвил во Вирџинија, во кои животот го загубија три лица.
Хакерскиот напад е извршен во името на Хедер Хајер, девојката, кога загина викендов протестирајќи против собирот на неонацистите.
Анономуси на сајтот на нацистите навеле дека страницата сега е под нивна контрола, дека тоа ќе го спречи ширењето на „грозоморната омраза“, како и дека ќе ги објават податоците кои ги собрале од серверот на сајтот.
– Сајтот ќе остане онлајн 24 часа со цел светот да може да биде сведок на омразата, а потоа засекогаш ќе биде затворен, наведуваат Анонимуси.