Португалија побара помош од ЕУ за справување со огнената стихија

Од:

Повеќе од три илјади пожарникари се борат и денеска со шумските пожари ширум Португалија, а земјата побара помош од Европската унија во справувањето со огнената стихија, која се заканува да се прошири со оглед на високите температури, кои метеоролозите ги најавија за следните денови.

Службата за вонредни состојби соопшти дека вчера избиле 268 пожари, што е најголем број пожари во еден ден оваа година, додека 6.500 пожарникари се обиделе да ги стават под контрола.

Постојат стравувања дека вчера локализираните пожари би можеле денеска повторно да избувнат, под влијание на попладневните силни ветрови и високите температури.

Исклучително сувото и топло време доведе до досега најкатастрофалните пожари во Португалија од почетокот на летото, при што 64 лица ги загубија животите, а огнот повторно се разгоре изминатите недели со пристигнувањето на новиот топлотен бран.

Министерката за внатрешни работи Констанса Урбана де Соуса изјави дека доцна синоќа е упатен повик до ЕУ поради загриженост дека високите температури и силните ветрови следните денови би можеле да го зголемат бројот на пожарите.

Таа додаде дека Португалија од ЕУ побарала противпожарни авиони и пожарникари во рамки на европскиот механизам за соработка во борба против пожарите.

Централната област Коимбра прогласила вонредна состојба поради пожарите, а тоа го сторија и четири помали општини во регионот.

Според податоците на ЕУ, повеќе од 140 илјади хектари шуми изгореле ова лето во Португалија, што е најмалку три пати повеќе во споредба со просечната штета од пожарите во изминатите десет години.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он