Дрон слетал на палубата на британски носач на авиони без да биде регистриран или попречен

Од:

Британското Министерство за одбрана соопшти денеска дека мал дрон, слетал на палубата на најголемиот британски воен брод, носачот на авиони „Квин Елизабет“.

Министерството наредило итна истрага околу безбедносната состојба на носачот и пропустот што бил направен.

Бродот се наоѓал на пристаништето Инвергордон, во шкотскиот Хајлендс.

Аматер-снимател го насочил дронот кон воениот брод и направил серија снимки од носачот од сите негови страни и од пристаништето, каде бил сместен.

Силниот ветер што се појавил во меѓувреме, го приземјил дронот на палубата, од каде продолжил да испраќа снимки.

„Пилотот“ на дронот подоцна изјавил за шкотските медиуми дека „целата негова и од никого“ незабележана операција, претставува сериозен пропуст во безбедноста на бродот.

– Можев на дронот да поставам два килограми силен пластичен експлозив „семтекс“ и да го испуштам на палубата, по што може само да се претпостави што би можело да се случи, изјави „пилотот“.

Тој наведе, дека бил изненаден што никој не забележал дека бродот е надгледуван од воздух и оти никој не го попречил снимањето и тогаш кога дошол до палубата, каде имало вооружени стражари.

„Квин Елизабет“ е најголемиот воен брод на британаката морнарица.

Тој тежи 70 илјади тони и за неговата изградба се потрошени три милијарди фунти.

Предвидено е носачот, подоцна годинава, да биде и официјално именуван по британската кралица Елизабета.

Дронот бил опремен со специјални сензори против уривање, што му овозможуваат автоматско приземјување, доколку се најде во опасност од паѓање.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП