Кога би запрашале некој колку е голем интернетот, веројатно нема да може да ја погоди неговата вистинска големина. Освен големиот број на веб страници, постои и еден цел свет на страници кои што не се индексирани, па дури има и такви кои е „невозможно“ да бидат пронајдени.
Според некои информации во моментов на интернет постојат 4,53 милијарди страници.
Доколку се земе во предвид дека на светот има 7,5 милијарди жители, тоа значи дека има по 1,65 страници по жител.
Но, доколку сакаме да покажеме што се се случува на Интернет во секој момет ќе треба подобро да се потрудиме.
Фирмата „Вишуал Капиталист“ се обиде да опише што се случува на интернет во само една минута.
– Повеќе од 3,5 милиони пребарувања на Гугл.
– На Фејсбук се логираат повеќе од 900 илјади корисници, а истовремено се испраќаат и околу 15 илјади ГИФ сликички преку Фејсбук Месинџер.
– Се објавуваат 452 илјади твитови и преку 16 милиони СМС пораки, како и 156 милиони емаилови.
– 120 луѓе отвараат нов ЛинкдИн профил.
– Се објавуваат околу 46.200 слики на Инстаграм.
– Се гледаат неверојатни 4,1 милиони видеа на ЈуТјуб и повеќе од 70 илјади часа Нетфликс.
– Во само една минута се трошат дури 751.522 долари во интернет трансакции, а преку Гугл Плеј и Ап Стор се преземаат 342 илјади апликации.