Градежни работи на пречистителната станица за отпадни води во Кочани

Од:

Градоначалникот на општина Кочани Ратко Димитровски го посети градилиштето на пречистителната станица за отпадни води во Мојанци и направи увид во работите на колекторот дел 1.

– Механизацијата е вклучена целосно, изведувачот WTA и подизведувачот „Жикол“ квалитетно ја извршуваат својата работа и ги решаваат проблемите со подземните води. Регистрираме нормален тек на работите на пречистителната станица, изјави градоначалникот Димитровски.

Раководителот на градежните работи Видое Стојковски информира дека на пречистителната станица се изведуваат подготвителните работи, по што ќе следува подобрување на тлото и бетонски работи.

– Работите се одвиваат според предвидената динамика. Се соочуваме со проблем со подземните води кои се со голем интензитет. Настојуваме со поголем број пумпи да ги совладаме и да се одвиваат сите градежни работи, изјави Стојковски.

Проектот чини 21 милион швајцарски франци од кои 92 отсто се грант од Владата на Швајцарија, 7 отсто од Владата на Република Македонија и 1 отсто учество на општина Кочани и Комуналното претпријатие „Водовод“.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена