Македонија на 135-место на најновата ФИФА ранг листа

Од:

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија бележи пад од едно место на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска. Иако нашата селекција во изминатиот период од претходното рангирање немаше активности, односно не одигра ниту еден меч, сепак „црвено-жолтите“, забележаа пад од едно место и сега се наоѓаат на 135-тата позиција.

Од селекциите кои се противници на Македонија во квалификациите за СП во Русија, зад нас единствено е Лихтенштајн на 190.место. Шпанија е 11-та, а Италија веднаш зад неа 12-та, додека Албанија и Израел се на 63-тото односно 70.место на новата листа.

На врвот на листата сега има промена. Селекцијата на Бразил го презеда првото место од Германија. Во ТОП-10 следат: Аргентина, Швајцарија, Полска, Португалија, Чиле, Колумбија, Белгија и Франција.

Можност да напредок нашата селекција ќе има веќе при следното рангирање, се разбира доколку извлече позитивни резултати во дуелите против Израел на гостински терен закажан за 2 септември, односно дуелот против Албанија на 5 септември кој ќе се игра на Националната Арена „филип Втори“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ