Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави термините на три од четирите натпревари кои македонските претставници Вардар и Шкендија ќе ги играат во плејофот за Лига Европа.
Првите средби на програмата се следниот четврток, 17 август, во Скопје и Милано.
Македонскиот шампион Вардар првиот меч против турскиот гигант Фенербахче ќе го игра на домешен терен на Националната арена „Филип Втори“ во терминот од 20 часот.
Шкандија, која ќе гостува на „Сан Сиро“ против Милан ќе го започне својот натпревар во терминот од 20 часот и 45 минути.
УЕФА го потврди и терминот на реваншот во Истанбул меѓу Фенербахче и Вардар, кој на 24 август ќе започне од 19 часот и 30 часот, додека се уште не е одредено времето за реваншот на Шкендија и Милан, кој ќе се игра истиот ден во Скопје.