Активни повеќе пожари низ Македонија

Од:

Активни пожари денеска има во селата Заграт и Грашница во Македонски Брод, во местото Јасеновска глава во Чашка, во селото Никодин и местото Слива, Прилепско, над селото Копанце во Тетовско, како и кај село Градманци, Општина Петровец, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Нема опасност од нивно проширување зашто главно горат нискостеблеста шума и сува трева, а екипите се постојано на терен и соодветно дејствуваат.

Како што информира Надица Вчкова од ЦУК на прес-конференција, пожарите во останатите делови од Македонија се локализирани и ставени под контрола.

– Состојбата на терен постојано се следи, а надлежните заседаваат со цел ефикасна координација на активностите за гасење на пожарите. Уште еднаш апелираме, граѓаните да внимаваат при работа и движење на отворено, како и да ја почитуваат забраната за движење низ шумите. Казната за непочитување на овие мерки е од 1.500 до 2.000 евра, додека за потпалување на шумите е многу повисока, рече Вчкова.

Во Општина Македонски Брод се локализирани пожарите во атарите на селата Близанско, Калуѓерец, Могилец, Растеж и Волче, додека во атарот на село Заграт малото жариште кај местото Секулово гумно вчера беше локализирано, но денеска, поради силен ветер, се разгоре.

Активен, но локализиран е и пожарот кај село Никиштани, Ѓорче Петров, а под контрола се ставени и пожарите над село Бањиште кај Дебар, како и кај село Галиште, Кавадаречко.

Според Драги Тарчуговски, за гасење на пожарите во Скопско, од денеска е вклучена и израелската помош. Изгаснат е кракот кон Градманци, Катланово, кој зафатил зеленика, нискостеблеста и дабова шума. Останува уште кракот во правец на селото Чифлик каде се дејствува и од воздух и од земја.

Кризната состојба во Македонски Брод и Чашка што беше прогласена во неделата останува на сила до 8 септември.

Би можело да ве интересира

Полицајци спасија повреден припадник на АРМ на линија на пожар

Гори голема површина во селата Облавце, Бељаковце, Стрезовце и Руѓинце, пожарот се шири кон Сув Ора

Горан Наумовски

Активни се 12 пожари, пет се ставени под контрола

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски