Средба Шапуриќ-Митровиќ: Унапредување на односите со Црна Гора во сите области

Од:

Денес, министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашни компании Зоран Шапуриќ, имаше средба со амбасадорот на Црна Гора, Предраг Митровиќ.

На состанокот министерот го запозна амбасадорот околу неговите и активностите на премиерот Зоран Заев и Владата на Република Македонија во целост, за подобрување на севкупната бизнис клима во државата.

Притоа, беше констатирано дека и покрај одличната политичка и културна соработка помеѓу Македонија и Црна Гора, нивното на економската соработка не е на потребното ниво и треба да се издигне. Затоа, определба на Владите на двете држави е да се унапреди меѓусебната трговска размена.

Амбасадорот ја пренесе определбата на Владата на Црна Гора за севкупно унапредување на односите на Црна Гора-Македонија во сите области.

Воедно, амбасадорот Митровиќ го поздрави реформскиот курс на Владата на Република Македонија за забрзување на процесите за интегрирање во Европската Унија и НАТО.

Би можело да ве интересира

Од денес, Црна Гора воведува визи за државјани на пет земји

Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват – Скопје

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

Пет земји ставија печат на застојот во преговорите на Црна Гора со ЕУ

Македонката што прегази куче во Црна Гора осудена на 45 дена затвор

Катерина Ѓуровски