СДСМ: Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани интерпелации да ги кочи реформите

Од:

„Со неоснованите и неиздржани интерпелации ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е против повисока минимална плата, против решавањето на проблемот со стечајните работници, против зголемена поддршка за домашните претпријатија, против реновирани училишта, против нови социјални центри.

Залудни се обидите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ преку апсурдни иницијативи за интерпелации да ги кочат реформите.
Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат да работат на спроведување на реформите што носат повисока минималната плата, поголема помош за претпријатјата, повеќе пари кај граѓаните, решавање на проблемот со стечајните работници…

Македонија оди напред.

Поднесената интерпелација за мнистерката за труд и социјална политика, наводно поради Нацрт –Стратегијата за бегалци, што патем веќе еднаш била донесена во 2008 година од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, е врв на апсурдноста и лицемерието на опозициската партија.

Особено што изнесените невистини од ВМРО-ДПМНЕ се официјално и фактички демантирани: Стратегијата нема обврзувачки карактер, Македонија е транзитна земја за бегалците, што значи нема да остануваат во земјава и нема да се даваат државјанства за бегалци.

ВМРО-ДПМНЕ треба да ја надмине старата матрица на постојани опструкции на напредокот на државата и да ги поддржи реформите што ја движат Македонија напред, во интерес на сите граѓани“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Владимир Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски