Во лизгање на земјиште во Кина загинаа 23 лица

Од:

При лизгање на земјиштето во југозападна Кина загинаа 23 лица, а до лизгање дојде поради обилните врнежи од дожд кои го погодија поголемиот дел од земјата.

Како што е наведено во соопшението на локалната влада, две лица исченале по лизгањето на земјиштето во планинската населба Сичуан, во провинцијата Лиангшан, додека едно лице е спасено.

При лизгање на земјиштето уништени се вкупно 71 домаќинства, пренесува Танјуг.

Во јуни, поради лизгање на земјиштето на другот дел на Сичуан загинаа десет лица, додека повеќе од 70 луѓе и понатаму се водат за исчезнати.

Летото во Кина традиционално е сезона на бури, со тајфуни кои се јавуваат на источниот и јужниот брег, како и период на интензивни громотевици.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина