Заев – Главчев: Местото на Македонија е во ЕУ и во НАТО

Од:

Продолжува да се развива во позитивна насока соработката меѓу Македонија и Бугарија по потпишувањето на Договорот за добрососедство и, пријателство, оценија премиерот Зоран Заев и претседателот на Народното собрание на Република Бугарија Димитар Главчев на денешната средба во Скопје.

Заедничка беше констатацијата, како што соопшти владината прес-служба, дека местото на Македонија е во ЕУ и во НАТО.

– Во очекување на ратификацијата на Договорот во парламентите на двете држави, веќе се воспоставени контакти меѓу бизнисмени од двете земји, што ќе придонесе за економски развој во државите и отворени се можности за соработка во повеќе области, како што се земјоделството и културата, се наведува во соопштението.

Премиерот Заев подвлече дека Договорот отвора перспективи и за Република Македонија и за Република Бугарија, а бенефит ќе имаат граѓаните на двете држави.

– Унапредувањето на двете соседски држави, Македонија и Бугарија испраќа силна порака во регионот и пошироко, дека земјите сами можат да ги надминат сите отворени прашања, ако за тоа постои искрена политичка волја, потенцира Заев на средбата.

Воедно изрази благодарност за поддршката од Бугарија за евроатлантските перспективи на Македонија.

– Местото на Република Македонија е во НАТО и во ЕУ и Република Бугарија ја поддржува Република Македонија на тој пат, напомена претседателот на бугарскиот Парламент.

Главчев дополни дека премиерите на Македонија и Бугарија со Договорот отворија нова страница во односите меѓу двете земји и дека е сега ред и на парламентите да придонесат кон продлабочување на таа соработка, поради што е и неговото присуство во Македонија.

На средбата заеднички е заклучено дека регионалната соработка е значајна за евроатлантската иднина која, според соговорниците, му е потребна на целиот Балкан и дека односите меѓу Македонија и Бугарија се добар пример за тоа.

Претседателот на Владата на Република Македонија Заев му заблагодари на Главчев и за хеликоптерите што ги испрати Бугарија во Македонија, како значајна помош во справувањето со пожарите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

„Владата дава 100 евра по жител за растеретување на инфлацијата“: Се шири нов линк за измама на граѓаните

Орце Костов

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов