Кина почна со „обемни“ воени вежби

Од:

Кинеската Воена морнарица и Военото воздухопловство почнаа вежби со боева муниција во близина на Корејскиот Полуостров, во момент на зголемени тензии по последните ракетни тестови на Северна Кореја и најавите за развој на нуклеарно оружје.

Местото на одржување на вежбите е област недалеку од источниот брег на Кина во Жолтото Море и Бохајскиот Залив. Испукани се десетици проектили во вежбите што се оквалификувани како „обемни“.

Во нив учествуваат десетици воени бродови, повеќе од 10 авиони, подморница и единици на крајбрежните сили.

Министерството за одбрана на Кина соопшти дека вежбите се наменети за тестирање на оружјето и усвовршување на способноста на армијата во извршување напади во крајбрежни подрачја и пресретнување цели во воздух. Не е наведено до кога ќе траат вежбите иако е дадена четиридневна забрана за пловидба во тоа подрачје.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина