ВМРО-ДПМНЕ: СДС успеа на незаконски начин да разреши дури 60 директори

Од:

„Неодговорната влада на СДС продолжува со влегување од скандал во скандал.

Масакрот во македонскиот здравствен систем кој го спроведува неспособниот СДС добива загрижувачки димензии врз потребите и здравјето на граѓаните.

До сега СДС успеа на незаконски начин да разреши дури 60 директори на здравствените установи со што ги руши професионалноста и функционалноста во здравствениот систем, за на нивно место да постави партиски послушници, од кои некои се докажани митаџии.

Со назначување на новиот директор на клиниката за уво, нос и грло Јане Нетковски кој јавноста го виде како го апсат за мито и на кој му беше поднесена кривична пријава, првиот човек на скопска Пулмологија Дејан Докиќ кој има судска пресуда за примање на поткуп во висина од стотици евра кои биле пронајдени кај него, со цел да издејствува преглед на пациент и Иван Барбов назначен на Клиника за неврологија обвинет во судскиот случај „Метастаза, во која Барбов заедно со останатите осудени посредувал во издавање на инвалидски пензии, се воведува целосен хаос и безредие на скопските клиники.

Заедничка карактеристика на овие лица се барања на поткуп, измами, криминално управување и злоупотреба на должност и овластувања.

СДС и Заев, сакаат да го уништат македонскиот здравствен систем уништувајќи го професионализмот и деградирајќи го професионалниот кадар, за на нивно место да назначи докажани митаџии за кои не претставува проблем да извршат уште по некое кривично дело.

Граѓаните заслужуваат медицински третман кој согласно закон ги следува, без притоа да треба да поткупат лекар за да добијат услуга која по закон ги следува и која лекарот е должен да ја даде, без притоа да бара мито. Но со ваквите кадровски решенија, СДС им праќа јасен сигнал на граѓаните што би ги очекувало доколку се појават на лекар и побараат здравствена услуга која следува со закон.

Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Бесплатен оброк за сите ученици, родителите ќе заштедат 2.500 денари месечно

Ливриниќ: Жителите на Скопје Север со право се разочарани, со години наназад слушаат ветувања, а состојбата е непроменета

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и човечност се два различни поими

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

(ВИДЕО) Мојсова Мијовска: Нема да бидам заложник на големите бизнис интереси и центри во општината, градот или земјата, особено не на штета на граѓаните на Карпош