Животот е полн со бои само кога е безбеден

Од:

„Животот е полн со бои само кога е безбеден“ е насловот на новата едукативна активност која започнува да се реализира од денес, а е резултат на соработка меѓу Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и компанијата „ЛУКОИЛ Македонија“.

Во рамки на оваа активност, на сите бензински пумпи на „ЛУКОИЛ Македонија“, ќе бидат поставени едукативни боенки кои родителите ќе можат да ги подигнат за своите дечиња, а секоја од нив ќе пренесува одредена порака за безбедноста во сообраќајот. Боенката треба да биде обоена од страна на дечињата, а понатаму тие да им ја дадат на своите родители, со што се постигнуваат два важни ефекти – едукација на најмладите и подигнување на свеста кај родителите.

„Летото е период на почести семејни патувања и за жал во голем број од сообраќајните незгоди учествуваат цели семејства. Целта на кампањата е прво да ги едуцираме најмладите за безбедно учество во сообраќајот, а понатаму преку нивната едукација тие да влијаат врз родителите – поодговорно и посовесно да учествуваат во сообраќајот. Освен тоа, оваа активност се реализира во пресрет на почетокот на новата учебна година што дополнително дава тежина и важност на самиот проект“ – истакнуваат од РСБСП.

Едукативната активност ќе се реализира во текот на месеците август и септември, а има цел подигнување на сообраќајната едукација и култура кај најмладите учесници во сообраќајот. Пораката е јасна – подигнување на сообраќајната култура и свест и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во нив, особено во летниот период.

„Едукацијата на децата е важен процес во целиот систем на сообраќајна превенција, а особено кога таа е насочена кон подигнување на свеста на родителите. Искуството покажува дека родителите се посебно внимателни и чувствителни кога нивните дечиња им пренесуваат некоја важна порака или сугестија и токму затоа се надеваме дека оваа активност ќе даде резултати“ – додаваат од РСБСП.

Ова е почеток на соработката меѓу РСБСП и „ЛУКОИЛ Македонија“ која и понатаму ќе продолжи со реализација на различни превентивни и едукативни активности. Но, истовремено и поттик и покана за другите општествено одговорни компании, да дадат свој придонес во подигнување на сообраќајната култура и свест.

Би можело да ве интересира

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

A1on

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

Возачите да бидат внимателни во близина на воспитно-образовните установи, апелира советот за безбедност во сообраќајот

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

МВР: Значително намалување на бројот на жртви во сообраќајот во 2022, нова кампања за безбедност на пешаците