Можна е нова американска стратегија кон Авганистан

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп на своите советници им постави „тешки прашања“ за стратегијата кон Авганистан и не планира да ја продолжи американската политика кон Кабул на досегашен начин, изјави денеска државниот секретар Рекс Тилерсон.

Тој на маргините на безбедносниот форум во Манила посочи дека Трамп не сака да прифати продолжување на американската политика кон Авганистан и дека поради тоа поставил „тешки прашања“.

Тилерсон посочи дека Националниот совет за безбедност трипати одржал состанок за тоа прашања, а потпретседателот Мајк Пенс изрази голема заинтересираност за ревизија на американската стратегија кон Авганистан.

Белата куќа го покрена прашањето за ревизија на американскиот план кон Авганистан по 16 години, а според одредени извештаи, националниот тим за безбедност на Трамп е поделен околи тоа дали во Авганистан да се испратат уште војници.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти