Сончево и многу топло, температури до 41 степен

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. УВ индексот ќе биде 9, а температурите ќе се движат од 14 степени наутро до 41 во текот на денот. Локално во планинските делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, што ќе услови благо намалување на температурата во северните делови.

Во Скопје сончево и многу топло со температура до 39 степени. Попладне се очекува мала до умерена облачност. Ќе дува и слаб до умерен северен ветер, што ќе услови благо намалување на температурата.

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на претежно стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе овозможи продолжување на периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места долж Повардарието ќе надминува 40 степени. Најтопло се очекува да биде за време на викендов. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.

Промена на временската состојба се очекува од петок со благо опаѓање на температурата, кое ќе продолжи и во сабота и недала.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски