Вардар против Фенербахче, а Шкендија против Милан во баражот од Лига Европа

Од:

Атрактивни противници добија македонските екипи во баражот од Лига Европа, шампионот Вардар ќе игра против турската екипа Фенербахче, во чии редови ова лето потпиша младиот македонски репрезентативец Ељиф Елмас, додека Шкендија за ривал го доби поранешниот европски шампион Милан.

Според распоредот, првите натпревари треба да се играат на 17 август, а Вардар и Шкендија се домаќини на првите дуели. Реваншите се на 24 август, но може да дојде до промена на термините.

Бараж двојки во Лига Европа: Вардар – Фенербахче, Шкендија – Милан, Ајакс – Розенборг, Осиек – Австрија Виена, Црвена Звезда – Красондар, Алтах – Макаби Тел Авив, БАТЕ Борисов – Олександрија, Маритимо – Динамо Киев, Бриж – АЕК Атина, Динамо Загреб – Скендербег, Лудогорец – Судова, Панатинаикос – Атлетик Билбао, Аполон – Митјиланд, Домжале – Олимпик Марсеј, Партизан – Видеотон, ФХ – Брага, Евертон – Хајдук, Утрехт – Зенит, Легија – Шериф, Виторул – Салцбург, Викторија Плзен – АЕК Ларнака и ПАОК – Остерсунд.

Победниците ќе се пласираат во фазата по групи во Лига Европа.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска