ВИДЕО: Почна пренамената на кумановскиот „Пионерски дом“ во градинка

Од:

Во Куманово почна реконструкцијата на објектот, поранешен „Пионерски дом“, кој ќе биде пренаменет во градинка. Со првичната реконструкација ќе бидат опфатени 85 деца во три занимални, од кои една ќе биде наменета за јасли.

Министерството за труд и социјална политика во буџетот за 2017-та одвои 3,5 милиони денари за реконструкција на овој дел од поранешниот „Пионерски дом“, објект лоцирен во непосредна близина на градинката „Кокиче“, двете училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ и кумановската гимназија.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при денешната посета на Куманово истакна дека со реконструкцијата на овој објект, која се очекува да заврши наредните 45 дена, ќе се зголеми опфатот на деца во кумановските градинки, кој сега изнесува само 26 проценти.

– Во Куманово како една од најголемите општини во Македонија има само 26 проценти опфат на деца. Затоа решивме дека е многу важно да имаме дополнителен опфат, колку што можеме оваа година, а во наредниот период ќе работиме посветено да го зголемиме опфатот или како што се обврзавме како Влада, да достигнеме 50 проценти опфат на цела територија на Македонија. Токму затоа Владата до крајот на 2017 година, преку Министерството за труд и социјална политика ќе реконструира уште 13 објекти во 13 различни општини каде ќе имаме опфат од 682 деца. Како што ветивме дека ќе внимаваме на опфатот во рурални и урбани општини, така и продолжуваме, од тие 13, шест се во рурални општини, каде што нема опфатено ниту едно дете, како што беше општината Врапчиште, а другите седум се во урбани општини, изјави Царовска.

Со првичната реконструкција ќе биде опфатена една третина од овој објект, кој е под владение на Министерството за труд и социјална политика. Министерката посочи дека е многу важно ова да биде посебен објект и целиот да биде отстапен на општината и дел по дел да се реконструира.

Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамајновски ирази благодарност до Министерството за труд и социјална политика и нагласи дека за овој објект се водела „борба“ со министерствата и со претходното раководство на објектот, кој во минатото беше именуван како Центар за детско творештво. Потсети дека објектот во минатото беше издаван за угостителски објект.

– Се надевам дека ќе направиме буџетска поддршка како општина, заедно со МТСП, евентуално со Министерството за финансии да направиме еден импозантен објект, наменет за најмладите, дали ќе биде за предучилишна возраст или дневен центар, имаме импозантна сала за настапи на младите, изјави Дамјановски. Во текот на наредната година, додаде, просторот околу објектот партерно ќе биде уреден, а ќе се изврши и реконструкција на подзмената инфраструктура, согласно ИПА проектот, асфалтирање на патната инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски