ВМРО-ДПМНЕ ги повика Заев и Царовска да дојдат во Собранието на дебатата за бегалците

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска да присуствуваат на јавната расправа за владината стратегија и акционен план за мигрантите, бегалците и странците 2017-2027 година во Собранието на Република Македонија.

– Премиерот Заев и министерката Царовска, во својата изјава во Штип минатата недела, дадоа јавна и силна поддршка на стратегијата и акциониот план за мигранти, бегалци и странци за следните 10 години.
Затоа ги покануваме Заев и Царовска да ја објаснат и образложат својата силна поддршка на Стратегијата за мигранти, бегалци и странци, како и да одговорат на голем број прашања кои што се важни за државата и за голем број општини, стои во соопштението од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие наведуваат дека на минатата јавна расправа заменик-министерот за труд и социјална политика Елми Азири не одговорил на ниту едно поставено прашање вклучувајќи и колку милијарди евра од Буџетот на Република Македонија ќе се наменат за спроведување на стратегијата во следните 10 години, кои се проектите што ќе почнат да се реализираат оваа и следната година, како и кои ќе бидат општините во кои што ќе се реализира трајното сместување на мигрантите, бегалците и странците.

– Со најновата стратегија на Владата, Зоран Заев, Македонија од транзитна земја за мигрантите ја прави земја за трајно сместување и траен престој на голем број лица од голем број држави. Од тие причини уште еднаш ги повикуваме и покануваме премиерот Заев и министерката Царовска денеска да присуствуваат на јавната расправа во 12 часот во Собранието на Република Македонија и лично да дадат одговори на повеќе прашања кои ги поставуваат граѓаните и јавност од повеќе општини, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски