Пчеларите од Кочанско кои први ги добија субвенциите за презимено пчелно семејство, велат дека годинава е катастрофално лоша и дека за мед не може да се зборува.
Претседателот на пчеларската заедница „Матица“ од Кочани Драган Колев се надева дека пчеларите нема да ја применат непопуларната мерка – покачување на цената, и медот пак ќе се продава по 300 до 350 денари за килограм.
– Оваа година е најлоша од кога работат пчеларите, катастрофална, бидејќи прво, имавме многу лоша зима со многу ниски температури, страдаа 50 отсто од пчелите, потоа имавме сушна пролет, па сушно лето. Ретко кој ќе се пофали дека ќе има мед. За мед не може да се зборува зашто годината, изјави Колев.
Според информациите на пчеларите, додаде, иста е состојбата и во Западна Македонија, дури и полоша.
– Апелирам исплатата на субвенциите да продолжи, бидејќи се помал е бројот на луѓе што се занимааваат со земјоделство и пчеларство. Посебно е важно пчеларството да опстане зашто придонесува за целата околина и сите земјоделци имаат бенефит од него, напомена Колев.
Финансиската поддршка што ја добиваат пчеларите е 600 денари по презимено пчелно семејство.