Генералното собрание на Обединетите нации одобри зголемување за околу пет проценти на буџетот на операциите на светската организација за двегодишниот период 2012-2013 година.
Сепак, Генералното собрание не гласаше за клучниот предлог за проширување на мобилноста на персоналот на ОН.
Буџетската комисија постигна вчера согласност по голем број буџетски проблеми, откако заседаваше без прекин за време на викендот.
Генералното собрание со 193 гласа едногласно го одобри зголемувањето на буџетот за 243 милиони евра. Така, буџетот ќе достигне 5,4 милијарди евра. Минатиот декември беше одобрен буџет од 5,15 милијарди долари за двегодишен период. Речиси половина од сумата што се зголемува ќе биде наменета за дополнителни трошоци за некои од 33-те политички мисии на ОН.