ВМРО-ДПМНЕ: МЖСПП да ја преиспита одлуката за укинатата рехабилитација на деца на Пелистер

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение реагира на, како што наведуваат, срамната одлука на Министерството за животна средина и прсторно планирање да ја укине рехабилитацијата на децата од Велес, Илинден, Осломеј и Возарци поради последиците од многу децениското загадување на животната средина во овие места и апелираат до Министерството да ја преиспита.

– Крајно дрско и безобразно е СДСМ да ги лаже граѓаните дека во ребалансот на Буџетот за 2017 година се кратело од луксузи, а од друга страна си поигруваат со здравјето на многу деца кои имаат последици односно респираторни проблеми од работењето на Топилницата, Окта, ТЕЦ Осломеј и Фени. Не се крати од луксуз, се крати од здравјето на децата. Ова е вистинското лице на СДСМ. Со цел да обезбедат повеќе средства за партиските вработувања кои на големо ги спроведуваат во секоја државна институција, посегнаа по здравјето на голем број дечиња на кои што им беше неопходна оваа климатска рехабилитација која што веќе 15 години се спроведуваше во Пелистер, стои во соопштението.

Воедно, се посочува дека средствата за климатска рехабилитација која што требало годинава да се одржи по 16-ти пат биле обезбедени со Буџетот за 2017 година, а СДСМ сега со ребалансот ги укинува. Оценуваат и дека тоа претставува демонстрирање на неодговорно однесување на Министерството за животна средина и на Владата предводена од СДСМ.

– Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ активно ќе ја следиме оваа ситуација и сакаме да потенцираме дека им стоиме на располагање на родителите на децата кои што беа опфатени со оваа рехабилитација за било каква помош која што би значела повторно државата да си ги преземе обврските за лекување на овие деца, се наведува во соопштението од пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик