ВМРО-ДПМНЕ: Судот ги одзема пасошите под политички притисок

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира за одземањето на патните исправи на неколку функционери на ВМРО-ДПМНЕ без притоа, како што истакнуваат, судот да посочи правна аргументација за тоа.

– Судот под политички притисок од страна на новата власт на СДС донесува одлуки надвор од секоја правна логика, одземајќи им ги патните исправи на неколку функционери на ВМРО-ДПМНЕ без да предочи убедувачка правна аргументација за тоа, изјави Марија Јакимовска пред Апелациониот суд.

Според неа, судот се наоѓа под организиран политички притисок и канонада од напади од страна на новата власт на СДСМ, медиумите под нивна контрола и СЈО. – Токму затоа истиот овој суд пред само година дена донесе одлука да му го врати пасошот на Зоран Заев кој беше фатен како изнудува поткуп од 200.000 евра. Судот трпеше уцени и дозволуваше да биде понижуван од страна на Зоран Заев, кој бегаше од закажаните рочишта заради наводни средби со странски амбасадори, средби кои по само неколку часа беа демантирани од самите амбасадори. Судот беше притиснат и молчеше и кога Зоран Заев јавно од партиска говорница изјави дека не го признава и нема да се појавува на рочиштата против него, рече Јакимовска.

ВМРО-ДПМНЕ, додаде, верува дека македонското судство има капацитет да одолее на притисоците и да си го обели образот со донесување одлуки исклучиво врз основа на позитивните законски норми на Република Македонија.

– Сите учесници во политичката хајка против ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека власта не е дадена еднаш за секогаш и секоја незаконска одлука ќе биде ревидирана, а за прекршителите на законот ќе следи одговорност по промената на власта и враќање на правната држава и владеењето на правото во органите на власта, истакна Јакимовска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик