ВМРО-ДПМНЕ: Антинародната влада на СДС потпиша штетен договор со Бугарија

Од:

„Антинародната и марионетска влада на СДС потпиша штетен договор со Република Бугарија.

ВМРО-ДПМНЕ се залага за пријателски и добрососедски односи со Република Бугарија која е пријателска земја, и за пријателство помеѓу македонскиот и бугарскиот народ, но овој договор кој Заев го потпиша не ги почитува интересите на македонскиот народ и на Република Македонија, и тоа е видливо и јасно, народот не го поддржува овој договор, а стручната јавност има сериозни забелешки за неговиот текст.

Додека во Бугарија се слави потпишувањето, во Македонија има незадоволство и чувство на пораз, нешто што беше видливо и на прославите на националниот празник Илинден на Мечкин Камен и во Пелинце каде што имаше катастрофална, речиси непостоечка посетеност на народот на овие настани.

ВМРО-ДПМНЕ како единствен виновник за овој штетен договор го посочува Зоран Заев и неговата неспособна Влада.

СДС доколку се потрудеше, и доколку имаше капацитет, желба и волја за работа можеше да постигне подобар договор, кој ќе беше вистински израз на пријателство и соработка и со кој немаше да има чувство на победник и поразен.

Доколку СДС ги прифатеше нашите суштински и конструктивни забелешки и предлози за подобрување на текстот на договорот ние ќе можевме да зборуваме за квалитетен и позитивен договор, но СДС опиен од омраза и гнев и свесен дека мора да ја плати политичката фактура за Заев да проба да се извлече од својот криминал, покажа дека нема капацитет да води држава и дека е спремен на распродажба на македонскиот интерес.

СДС се уште има шанса да се повлече од овој договор, и тоа барем ќе биде најмал израз на почит кон македонскиот народ од нивна страна, и ние бараме СДС да се повлече од договорот.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да имаме договор со Бугарија, но договор кој ќе биде еквивалентен во правата и обврските, и во кој ќе се почитуваат националните и државни интереси на Република Македонија, и за овој договор ВМРО-ДПМНЕ имаше и има принципиелни, долгогодишни и аргументирани ставови од кои не отстапуваме.

ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на овој штетен договор за Република Македонија кој го потпиша марионетската влада на Заев.

СДС многу брзо ќе сноси политичка одговорност, многу брзо уште на локалните избори народот ќе му ја испрати пораката на огорченост и незадоволство на марионетскиот премиер Заев, кој ќе биде поразен и делегитимиран“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Бесплатен оброк за сите ученици, родителите ќе заштедат 2.500 денари месечно

Ливриниќ: Жителите на Скопје Север со право се разочарани, со години наназад слушаат ветувања, а состојбата е непроменета

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и човечност се два различни поими

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

(ВИДЕО) Мојсова Мијовска: Нема да бидам заложник на големите бизнис интереси и центри во општината, градот или земјата, особено не на штета на граѓаните на Карпош