Македонските млади веслачи со помош на МОК ќе настапат на Светското првенство во Тракаи

Од:

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Веслачката федерација на Македонија во целост ги покри сите финансиски трошоци за 5 (пет) члената млада македонска веслачка репрезентација во однос на нивното учество на младинското Светско првенство во Тракаи, Литванија.

На шампионатот кој започнува денеска и ќе трае се до недела, ќе учествуваат повеќе од 700 веслачи од 59 држави ќе учествуваат.

Младата македонска веслачка репрезентација е од 26 Јули во Тракаи каде учествуваше на кампот на Меѓународната веслачка федерација (ФИСА), а каде македонскиот тренер Марио Јованоски, помогнат од своите колеги од САД и Словенија, Џон Паркер и Јан Илар, заедно работеа на подобрување на формата и техниката на нашите млади спортисти.

Попладнево ќе се одржат и првите натпреварите на кои ќе ја видиме формата на младите македонски веслачи.

Магдалена Карамитерска и Ксенија Крањевска ќе настапат во дубл скул, во дисциплината скиф ќе не претставуваат Ана Димоска во женска и Никола Аџиоски во машка конкуренција.

Би можело да ве интересира

Левица: Обвинителството има отворено предистражна постапка за малверзациите во Македонскиот олимписки комитет

Катерина Ѓуровски

Српските спортисти добија забрана за учество на Олимписките игри во Париз

Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година

Предраг Петровиќ

Училишен тест за Борко: Димевски подготви прашалник по најавите за тужба од суспендираниот голман

A1on

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

МОК воспоставува манифестација за најуспешни македонски спортистки

Ана Ололовска