А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Министерот за здравство денес без срам и перде најавува смена на 50 директори

by А1он01/08/2017 - 15:47115
Share0

„Министерот за здравство за жал влегува од скандал во скандал кој граѓаните ќе ги чини многу скапо.

Добивај вести на вибер

Министерот за здравство денес без срам и перде најавува не 33, туку 50 директори на здравствени установи дека ќе бидат заменети и со тоа доведена во прашање функционалноста и здравствената услуга на голем број здравствени установи ширум државата.

Оваа одлука на министерот е само уште една потврда дека новата влада нема намера да го унапредува здравствениот систем, туку напротив го руши. Заради тоа ни се случуваат епидемии од најслаб облик од која имаме две човечки жртви и десетици хоспитализирани граѓани.

Предупредуваме, многу сериозно предупредуваме дека ваквата масовна, неоправдана и незаконска смена на директори на клиники е направена без вредносни критериуми и аргументи, туку само како резултат на реваншизам и намера за партизирање, а уште посериозно предупредуваме дека овој масакар во здравството неминовно, но за жал сигурно, ќе доведе до сериозно последици по здравјето и интересите на граѓаните. Впрочем како поинаку да се толкува фактот што се менуваат професионалци и докажани кадри како што е директорот на клиниката за кардиологија Сашко Кедев.

Јавноста треба да знае дека секоја погрешна политика која сега ja превзема министерот за здравство и владата на СДС ќе има последици во нередниот период и особено на штета на граѓаните. Овие одлуки кои ги прави денес власта се целосно дерогирање на здравствениот систем и загрозување на функционирањето на здравствените установи. Постои сериозна опасност поради непрофесионалноста, неодговорноста и негрижата на власта на СДС и министерот за здравство, ситуации со епидемијата во Симница, гостиварско да ни се повторуваат со уште поголеми жртви и штети“, изјави Марија Андоновска.

dpmne

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто