СДСМ Охрид: Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење

Од:

„Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење, бидејќи бушотината што ја направиле со сопствени средства сега не можат да ја користат поради личните интереси и внатрепартиските калкулации на градоначлниците на Охрид и Дебарца, Никола Бакрачески и Игор Трајковски.

Жителите на Подмоље веќе неколку години наназад секое лето се соочуваат со недостиг на вода, но и покрај тоа, тие покажале огромна хуманост со тоа што дозволиле и неколку околни места да се снабдуваат со вода за пиење од оваа иста бушотина која со сопствени средства ја направиле. За жал денес тие дочекаа градоначалникот, Трајкоски, поради внатрепартиски интереси, веќе шести ден целосно да им го има запрено пристапот до вода.

Ваквото однесување на градоначалниците не само што е безобразно и неодговорно, итовремено е и нехумано, бидејќи стотици домаќинства се оставени без вода при вакви тропски температури.

Одговорност мора да има, и тоа не само за Трајкоски, туку и за неговиот колега Никола Бакрачески, затоа што на крајот на краиштата, жителите на Подмоље, па и сите жители од општина Дебрца се охриѓани. Крајно неодговорно е две соседни општини, чии градоначалници дополнително се од истата политичка опција, да не можат да најдат заедничко решение на еден сериозен проблем. Функцијата градоначалник не е партиска игра во некој општински комитет на ВМРО ДПМНЕ, тоа е одговорна функција која подразбира грижа за сите граѓани подеднакво.

Доколку се продолжи со игнорирање на овој сериозен проблем, Подмоље и регионот ризикуваат да се соочат со хуманитарна и еколошка катастрофа, бидејќи немање вода при вакви високи температури го загрозува човековото здравје и животната средина. Затоа, во интерес на сите граѓани бараме Трајкоски и Бакрачески да престанат со префрлање на одговорноста и под итно да го решат проблемот со водоснабдувањето на жителите на Подмоље“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски