Мијалков: Се повлекувам од сите партиски функции

Од:

Сашо Мијалков, член на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање денеска соопшти дека донел одлука да се повлече од сите партиски функции.

„Ја информирам јавноста дека мојата политичка активност ја ставам во мирување.

Со цел да се завршат судските постапки кои се во тек, а во кои што кај мене постои лично убедување дека ќе се докаже вистината, донесов лична одлука да се повлечам од сите партиски функции.

Низ целиот мој животен и работен век со своите можности, сила и знаење се вградував во партијата, почитувајќи и верувајќи во нејзините определби и идеја, и залагајќи се за доследност и посветеност кон истите.

Останувам со убедување дека мојот ангажман и професионални заложби за Македонија за време на моето работење во државните институции ќе бидат уште повеќе валоризирани и верификувани низ една историска дистанца.

Продолжувам и понатаму силно и убедено да ги поддржувам вредностите на партијата и она во што секој наш член верува, каузата на историското ВМРО и визијата за просперитетна Македонија, напредна и модерна, членка на ЕУ и НАТО“, вели, преку писмено соопштение, Сашо Мијалков.

Мијалков е еден од осомничените во случаите „Таргет“ за незаконско прислушкување, „Трезор“ и „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност