ВМРО-ДПМНЕ: Поради неажурност на министерот се случи епидемија на хеморагична треска

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека министерот за здравство Арбен Таравари кога, како што наведуваат, во државата има опасна болест за чие ширење тој лично е виновен и се губат човечки животи, треба да е тука, а не да седи во Америка.

– Под раководство на Таравари, Министерството за здравство станува сининоним за негрижа и неспособност. Граѓаните со право се загрижени. За само два месеци министерување на Арбен Таравари се сруши целиот здравствен систем. Поради неажурноста на министерот во гостиварска Симница се случи епидемија на хеморагична треска и тоа од најлесниот облик од која починаа две лица, десет се хоспитализирани, а за десетици не се знае дали се инфицирани или не, рече денеска на прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Недозволиво е, посочи таа, лицата заболени од хеморагична треска да биле погрешно третирани со денови и недозволиво е да се немало соодветен реагенс за навремено дијагностицирање.

– Недозволиво е да не се превземат мерки за дезинфекција, изолирање на причинителот и воспоставување на карантин и на тој начин навреме не се спречило ширење на болеста и потенцијално заразување на стотици и илјадници лица од Симница и гостиварскиот регион. Премногу е сериозно за Таравари по вибер и видео изјави да се справува со ваква сериозна работа. Оставка е тоа што најмалку може да го направи Таравари сега, додаде Стојаноска.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му