Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Владата дозволи два месеци дивата депонија во Струга да ги гуши стружани

Од:

Владата на Република Македонија уште еднаш покажа и докажа дека решавањето на проблемите на граѓаните не се нејзин приоритет, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Несериозно и неодговорно е, посочуваат, Владата после повеќе од два месеци, откако секојдневно граѓаните на Струга се гушеа од запалената дива депонија, да донесе одлука за итно решавање на овој сериозен проблем.

– Владата на Република Македонија дозволи два месеци дивата депонија во Струга да ги гуши стружани, да нанесе огромна штета врз здравјето на граѓаните, врз животната средина и да ја уништи туристичката сезона во овој регион, а сега после сите штети кои настанаа најавува итно решавање на проблемот, истакнуваат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму наведуваат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ уште на 15.06.2017 поднеле Информација за состојбата со дивата депонија во Струга и побарале итна седница на која требало да се дискутура за овој акутен проблем и конечно да се реши.

– Ваквата седница не беше закажана, а со тоа не ни се дозволи како претставници на граѓаните да придонесеме за побрзо и итно решавање на проблемот со дивата депонија во Струга. Доколку се одржеше оваа седница, се дебатираше за овој проблем и се донесоа конкретни заклучоци, проблем ќе беше решен многу порано, појаснуваат од пратеничката група.

Според нив, штетите кои што настанаа поради проблемот со дивата депонија во Струга се орогомни и ненадомесливи и недозволиво и несериозно е Владата на Република Македонија после два месеци да најавува итно решение на вака сериозен проблем.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повикуваат Владата на Република Македонија наместо да се занимава со партиски вработувња, да се фокусира на решавање на проблемите на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина