ВМРО-ДПМНЕ: СЈО претставува продолжена рака на СДС

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СЈО претставува продолжена рака на СДС која работи под нивен диктат.

– Секојдневното настапување на СЈО исклучиво е политички во координација на СДС. Од своето дејствување СЈО ниту еднаш не се потруди да даде одговор на јавноста каде ги троши парите на граѓаните на Република Македонија. СЈО досега потроши 4 милиони евра народни пари за политички прогон на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ и не дадоа соодветен извештај за кои потреби ги потрошиле. истакна денеска на прес-конференција Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Многу е веројатно, нагласи, дека огромен дел од овие средства не се потрошени во интерес на правдата, туку единствено во партиски и непотистички цели.

– СЈО со овој буџет од 4 милиони евра успеа да вдоми партиски војници од СДС, внуци и роднини. Пред неколку дена СЈО бесрамно отвори нов оглас за вработување на нови 30 лица. Ова значи дека СЈО со новиот оглас ќе продолжи со практиката да вдомува членови и симпатизери на СДС и да ги финансира нивните астрономски плати и хонорари со парите на граѓаните, рече Стојаноски.

Посочи дека повеќе од очигледно е дека овие 30 новоангажирани партиски војници од СДС ќе продолжат со хајката против ВМРО-ДПМНЕ.

– Но, и уште 300 лица да вработат нема да можат да најдат докази за противправно однесување на било кој член на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што ние сме работеле по закон и во служба на народот, рече Стојаноски и додаде дека ќе следува одговорност за сите постапки кои СЈО ги презема во нивниот политички прогон, и правна и историска одговорност.

Би можело да ве интересира

Мицкоски првпат пратеник, во клупите и цело екс раководство на СДСМ, ќе се конституира новиот паралментарен состав

Катерина Ѓуровски

Коалициските партнери во новата влада ги поделија ресорите

Демири нема поим што се случува на Хирургија вели ВМРО-ДПМНЕ

Преговорите на новата Влада се во напредна фаза, при распределбата се води сметка за бројот на добиени пратеници информира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки